Посета на група студенти и професори на седиштето на нато во брисел

27.08.2014

Трета година по ред благодарение на иницијативата на Мисијата на Република Македонија при НАТО и со поддршка на НАТО Дивизијата за јавна дипломатија, група студенти и професори од петте државни универзитети од Република Македонија се во посета на седиштето на НАТО во Брисел.

Студентите при посетата се запознаа со тековната агенда на НАТО, новите безбедносни закани и предизвици на НАТО, односите на НАТО со Република Македонија, како и активностите на НАТО во Авганистан. Воедно, студентите имаа можност да ја посетат и Мисијата на РМ при НАТО, каде Амбасадорот Мартин Треневски ги запозна со напорите на Мисијата за афирмација на интересите на Република Македонија во рамките на НАТО.

Групата студенти и професори е составена од пет државни институции во Република Македонија: Универзитетот Св Кирил и Методиј, како координатор на посетата од Република Македонија, Државниот Универзитет во Тетово, универзитетите од Битола и Штип, како и Воената Академија во Скопје.

Целта на посетата е зајакнување на соработката и дијалогот меѓу Алијансата и Република Македонија и воедно афирмирање на младите од нашата земја во нивните идни напори за станување дел од НАТО и Европската Унија.

 

 

GALLERY