Воената академија домаќин на уште една елитна НАТО школа за сајбер одбрана

10.11.2014

Во период од 08.12. до 12.12.2014 година, Воената академија Генерал „Михаило Апостолски- Скопје“ во соработка со НАТО центарот за извонредност Одбрана од Тероризам (NATO Centre of Excellence-Defense Against Terrorism, NATO COE-DAT) од Анкара, Република Турција и оваа година ќе биде домаќин на НАТО напредната школа-курс поврзан/а со сајбер безбедноста и сајбер одбраната. За разклика од минатата година кога главниот фокус беше ставен на стратешките, правните и техничките аспекти на сајбер одбраната, главен фокус и работен наслов на овогоишната школа е „Користењето на сајбер просторот од страна на терористите“.

Она по што се уникатни овие школи во организација на Воената академија и партнерите е сеопфатниот пристап кон сајбер безбедноста. Имено, иако третирањето на сајбер безбедноста е сѐ поинтензивно и на оваа проблематика се посветени голем број на настани организирани од страна на академската и стручната заедница во регионот на Југо-источна Европа, пристапот кој Воената академија го гради кон сајбер безбедноста е различен и единствен. Во склад со насоките на државното раководство, наместо исклучиво техничкиот фокус кон сајбер безбедноста и одбраната, Воената академија гради сеопфатен пристап кон овие области од научен и стручен аспект. На тој начин, покрај техничките аспекти, посебно внимание им се посветува и на стратешко-политичките аспекти (градење и креирање на стратегии, политики и докторини), правните аспекти (од заштита на приватноста и човековите права па се до употребата на сила) и социјалните аспекти на сјабер безбедноста.

Во тој контекст, главна цел на овогодишната школа е да даде сеопфатен пристап околу начините на користење на сајберпросторот од страна на терористите. Над 20 еминентни експерти од ООН, НАТО, ЕУ, Велика Британија, САД, Турција, Естонија, Италија, Бугарија, Црна Гора, Македонија и од големи приватни безбедносни компании ќе се зборуват за последните трендови на регрутирањето преку интернетот, обуката, процесот на радикализација, собирањето на информациите и шпионажата, па сѐ до потенцијалните напади кои може да се окарактеризираат како сајбер-терористички напади.    Школата ќе ја посетуваат над 40 студенти од земјите од регионот меѓу кои НАТО земјите (Албанија, Бугарија, Словенија и Хрватска) и земјите пеартнери (Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Црна Гора).

Сепак, ова не е единствен успех на Воената академија. Минатата година покрај оваа школа спонзорирана од НАТО, Воената академија започна одличната соработка со РАКВИАК, регионалниот центар за безбедносна соработка во доменот на сајбер криминалот и заштитат на критичната информатичка структура. Ваквата соработка се продлабочи со заеднички повеќе-годишен проект кој резултираше со тоа да Воената академија и РАКВИАК организираат неколку конференции оваа година. Така најпрвин во првата половина од оваа година беше организирна „Конеференција на регионалните ЦЕРТ тимови на Југо-источна Европа (тимови за цивилна сајбер одбрана) во Загреб, Хрватска. Во октомври оваа година во соработка со РАКВИАК и Американскиот универзитет од Сараево, Воената академија оргнизираше „Конференција посветена за заштита на приватноста и националната безбедност во сајбер просторот“ која се одржа во Сараево Босна и Херцеговина. Тука се и бројните обуки за јавната администрација и безбедносниот сектор во соработка со Министерството за одбрана (секторот за човечки ресурси) и банкарскиот сектор, во оработка со Управата за финансиско разузнавање и Стопанската комора на Република Македонија.

Ако кон ова се додаде и фактот дека Воената академија во наредната 2015 година планира да го стартува институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика, како и тоа дека акредитираше програма за втор циклус Мастер Студии од оваа област , би можело со право да се каже дека, Воената академија е лидер на регионално ниво во доменот на сајбер безбедноста. 

 

GALLERY