Родовите аспекти во одбраната за првпат содржани во дипломска работа од питомец на на воената академијагенерал михаило апостолски-скопје

27.08.2014

На Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, во текот на денешниот ден, беше одбранета дипломска работа на тема „Родовиот аспект, особините на личноста и механизмите за прилагодувањето на питомците во Воената Академија“, во која за прв пат беа содржани родовите аспекти во одбраната и безбедноста, преку интегриран пристап на продлабочена теориска разработка и практично истражување со питомците на Воената Академија.

Цветанка Ѓорѓиева-питомец помлад водник е една од десетте питомки кои го завршуваат школувањето на Воената Академија. Таа, под менторство на м-р Јулијана Стојанова, виш предавач, во дипломската работа ги презентира резултатите од истражувањето спроведено во март 2014 година на 49,3% од вкупниот број питомци во четирите студиски години, oдносно сите жени питомки( 31).



Во истражувањето се третираат неколку групи на прашања поврзани со родовиот аспект и тоа: механизмите на поддршка за време на студирањето; фактори кои придонесуваат кон функционална успешност на воениот колектив наспроти хетерогениот состав според род; каква е перцепцијата на испитаниците во однос на положбата на жените во системот на одбраната – дали тие се рамноправни, привилегирани или пак дискриминирани и прашања наменети само за питомците- жени во однос на личните искуства за време на студирањето поврзани со родовата рамноправност. И ова истражување претставува чекор напред во системскиот пристап на интегрирање на жените во одбраната преку покажување подготвност да се истражат и презентираат нивните видувања, проблеми и потреби.

Одбраната на дипломските работи на питомците, претставува круна на четиригодишното образование на Воената Академија како високообразовна и научно истражувачка установа во областа на одбраната.
Преку нивната обработка и одбрана се реализира една од клучните цели на образовниот процес – преку студискитепрограминаВоенатаакадемијанастудентите да им овозможи стекнување на применливи вештини, знаења и способности што ќе ги оспособат стручно и професионално да одговорат на редовните задачи и должности со кои веќе од утре ќе се соочат на своите нови работни места, како и во справувањето со сите современи безбедносни предизвици.


GALLERY