Во период од 04-13.07.2016 година во Центарот за обука Пепелиште се одржа седмата по ред меѓународна активност Летен кампус 2016.
Имено за прв пат оваа активност се одржа во текот на 2010 година каде главното тежиште на академскиот и практичниот дел беше фокусиран на фазите за обликување на воените операции,фокусирање на воените активности и зголемување на иницијација на операциите за поддршка на мирот.
Оваа 2016 година фокусот на активностите на кампусот се посветени кон операциите за подрдршка на мирот и Пост-конфликтното градење на мирот.
Целта е кадетите и студентите да се здобијат со одредено академско ниво на знаење во областа на Пост-конфликтни операции а посебно за интернационално правни и дипломатски аспекти на напорите за градење на мирот,еваулацијата на воените доктрини и поддршка на политичките напори за градење на мирот во мулти националните операции на НАТО.
- Оспособување на кадетите да се здобијат со нови знаења и вештини на тактичко борбени акции што се изведуваат за време на заеднички НАТО операции за стабилизација и поддршка/мировни операции под услови на асиметрични и неконвенционални закани како дел од напорите на алијансата.
- Оспособување на студентите да се здобијат со одредени знаења и вештини во справување на политички процедури,операции и активности кои ги изведуваат за време на подготовката и имплементација на поддршката на стабилизација на мирот и операциите за градење на мир.
Кадетите и студентите да се фамилизират со одредени мерки,процедури и напори да се справат со дополнителни предизвици(надвор од мисијата)како што се хунанитарните операции,справување со природни катстрофи.
- Креирање на свесност помеѓу кадетите и студентите за важноста на потребите на НАТО хармонизација и синхронизација на енергијата меѓу коалиционите партнери(која ќе биде завршена со кандидатите од надвор)и цивилно воени релации во имплементацијата на поддршката за стабилизација на мир и операциите за градење на мир.
Развивање на пријателски односи помеѓу кадети и студенти од Република Македонија со кадетите од земјите учесници со презентации на дел од традиционално и културно наследство на Република Македонија и на кадетите од надвор.
Првиот дел наречен академски дел траеше од 05-06.07.2016 година при што на истиот беа изведени вкупно шест предавања од истакнати професори и експерти од областа од Република Македонија и странство.
Првото предавање на тема:" Меѓународни правни аспекти против терористички закани во мировни операции"од страна на м-р Весна Поповска од Турскиот универзитет од Гостивар" Vision" со кое и свечено се отвори активностата Летен кампус 2016.Целта на предавањето беше слушателите да се запознаат подобро со изворите на меѓународното право,правната рамка за воспоставување на мировни операции и правниот режим за справување со заканите од тероризмот во нивни рамки,при што се дискутираше за односот на меѓународното право за правата на човекот и меѓународното за правата на човекот и меѓународното право за вооружени конфликти,нивниот взаемен однос,екстратериторијаната апликабилност на човековите права и во тој контекст,практиката на Европскиот суд за човекови права,при што се разгледување случајот Ал Скеини,како и другите важни аспекти кои се правно базирани,а се неопходни за успешно реализирани мировни операции,како што се културниот релативитет,социоекономските права,значењето на образованието и слично.
Второто предавање на тема:" Историски развој и перспективи на Пост-конфликтните операции" од страна на м-р п.полк Ѓорѓи Вељоски во оваа предавање целта беше да се запознаат со историскиот развој и перспективите на Пост-конфликтните операции,концептот на Пост-конфликтните операции во денешно време и нивната поврзаност со политиката.
Четврто предавање на тема:" Цивилно воени операции како императив за идните воини и политички лидери" од страна на Омшо Хасиќ од центар за обука за мировни операции од вооружените операции на БиХ.Целта беше да се согледа местото и улогата на воените и политичките лидери во цивилно воени операции при спроведување операции за поддршка на мирот.
Петто предавање на тема: " Борбениот стрес и неговите ефекти на донесувањето на одлуки во просторот на спроведување на операциите" од страна на д-р Александра Димитровска која зборуваше за влијанието на борбениот стрес врз донесувањето на одлуките и значењето на брзото препознавање на борбениот стрес кај учесниците во операции за поддршка на мирот како и начинот на справување со луѓе кои се под борбен стрес.
Шесто предавање а со ова и обележување на завршниот академски дел беше изведена тема "Стратешките kомуникации и медиумите во контекс на операциите за поддршка за мирот" од страна на м-р Gottfried Salchner од Маршал центарот во Германија кој го истакна значењето на стратешките информации во современите операции за поддршка на мирот како и важноста на медиумите во спроведувањето на операции за поддршка на мирот.
09.07.2016