:en representatives from the military academy participated with their works on 7th international scientific conference on defensive technologies - oteh 2016: :mk претставници од воената академија учествуваа со своите трудови на 7-мата интернационална науч

23.10.2016

ENGLISH




Two cadets and professor from the Military Academy "General Mihailo Apostolski" - Skopje, an associate member of the University "Goce Delchev" - Stip participated with their works on 7th International Scientific Conference on defensive technologies - OTEH 2016, organized by the "Military Technical Institute" Belgrade, R. Serbia held from 6 to 7 October 2016.

Military technical Institute, the first and largest scientific military-technical research institution in the region organized the 7th (seventh) row International Scientific Conference on defensive technologies - OTEH 2016, at which participation took 517 participants from 15 countries, as follows: Britain, France, Austria, Canada, Slovenia, Czech Republic, Macedonia, Bulgaria, Montenegro, Bosnia and Herzegovina, Belarus, Russia, USA, and others. According to the program for the realization of the conference, participants presented their papers divided into 8 (eight) thematic areas.

The conference began with a keynote lecture by Professor Evgeny V. Surroi from the Centre for Applied Logistics Moscow, Russia and Professor Slobodar Rajic  of "Oak National Laboratory" Tennessee, USA.

The cadets Oliver Mladenovski and Tamara Gjondeva who are third year of the first cycle of studies at the Military Academy "General Mihailo Pastoral" - Skopje presented their peer-reviewed papers titled "Monitoring physiological status of the soldier during combat mission via integrated medical sensor (Hearth rate and Oxygen saturation) system " and " Security system in military bases with Matlab algorithm ".

Participation of cadets from the Military Academy at the scientific conference of military-technical character has become a tradition. The research papers written by inmates under the supervision of Lieutenant Colonel Dr. Jugoslav Achkoski, Associate Professor in the future could play a significant role in the defense especially in the area of working with intelligent systems.

This is the evidence that in the Military Academy as a unique military high - educational and scientific institution in the country are students who are involved in scientific research work for the defense.

MACEDONIAN




Питомци со професор од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, придружна членка на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип,  учествуваа со своите трудови на 7-мата интернационална научна конференција за дефанзивни технологии – ОТЕХ 2016, организирана од „Воено Технички Институт“во Белград, Р. Србија  одржана во период 06 – 07 октомври 2016.

Воено техничкиот институт, првата и најголемата научна воено-техничка истражувачка институција во регионот ја организираше 7-мата (седмата) по ред интернационална научна конференција за дефанзивни технологии – ОТЕХ 2016, на која учевство зедоа 517 учесници од 15 земји во светот, по следното: Велика Британија, Франција, Австрија, Канада, Словенија, Република Чешка, Македонија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белорусија, Русија,САД и др. Согласно програмата за реализација на конференцијата, учесниците своите трудови ги презентираа поделени во 8 (oсум) тематски области.

Конференцијата започна со воведните предавања на професор Евгени В. Судов од центарот за применета логистика Москва,Русија  и професорот Слободар Рајиќ  од “Oak National Laboratory”  Тенеси САД.

Питомците Оливер Младеновски и Тамара Ѓондева , кои се трета година на прв циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје ги презентираа своите рецензирани трудови со наслов “Monitoring physiological status of the soldier during combat mission via integrated medical sensor (Hearth rate and Oxygen saturation) system “ и “Security system in military bases with matlab algorithm “.

Питомци од Воената Академија  да учествуваат на научна конференција од воено-технички карактер веќе станува традиција . Трудовите напишани од страна на питомците под менторство на потполковник д-р Југослав Ачкоски, доцент во иднина можат да имаат значајна улога во областа на одбраната особено во областа на работење со интелегентни системи .

Ова претставува уште еден доказ дека Воената Академија како единствена воена високо – образовна и научна институција во Република Македонија, има студенти кои покрај вклученоста во наставата, истовремено се вклучени во научно истражувачка работа за потребите на одбраната.