Отварање на летен кампус 2022

21.06.2022

Во Центарот за обука „Пепелиште“, во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ беше отворен 11-ти Летен кампус на кој учествуваат студенти и питомци 16 земји. На отварањето се обрати заменикот министер за одбрана Башким Хасани, при што напомена дека со овој проект Република Северна Македонија и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ демонстрираат силна посветеност на процесот на градење капацитети за справување со новите безбедносни предизвици. Исто така истакна дека целта на овогодинешниот кампус е да ја приближи комплексноста на идните предизвици во градењето мир во постконфликтните операции до оние кои ќе бидат идни мировници, како и до идните цивилни политички претставници и лидери на земјите на НАТО, како и дека ова е единствена можност за сите учесници да се запознаат и да работат заедно на изнаоѓање решенија за сите предизвици во процесот на градење постконфликтен мир и безбедност. Кампусот го прогласи за отворен продеканот за финансии и меѓународна соработка полковник Елениор Николов, со што ја најави дека целата програма ќе ја спроведуваат високо реномирани предавачи од исто толку реномирани институции, како и високо професионални инструктори од нашата армија и од 15-те земји кои учествуваат во кампусот.

Telefonit
E-mail