Воената академија ја продолжува соработката со нато deep, со вкучување на свои ментори/експерти во реализација на програмите

10.03.2022

По успешната реализација на две и пол годишната НАТО DEEP програма во Воената академија, ја продолжуваме соработката и активно допринесуваме на државите аспиранти за членство во НАТО во постигнување на стандардите за образование и обука.
Во период од 07 – 11. Март 2022 во Центарот за професионален развој во Травник, со 12 (дванаесет) инструктори во вооружените сили на Босна и Херцеговина се реализира работилница на тема „Развој на основни вештини при предавања“.
Ментори на оваа работилница од НАТО DEEP се проф. д-р Андрија Козина (водач на тимот на НАТО DEEP за предметната активност) - декан на Хрватската Воена академија „д-р. Фрањо Туѓман“ од Загреб и проф. д-р Билјана Каровска Андоновска (член на тимот на DEEP) - професорка на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ од Скопје.


Целта на оваа работилница која се реализира е инструкторите на вооружените сили на Босна и Херцеговина да се запознаат со принципите и техниките на учење на возрасни (Андрагогија, активно учење, стилови на учење, учење насочено кон ученикот, техники за оценување и евалуација), начините за подобрување на наставната програма, процес на имплементирање на иновативни техники на учење во делот на военото образованието во одбраната.
 Целта на активностите на тимот на НАТО DEEP е да обезбеди професионална помош и ресурси врз основа на потребите и барањата на Министерството за одбрана и вооружените сили на Босна и Херцеговина. Посетата е планирана во рамките на програмата за соработка меѓу Босна и Херцеговина и НАТО и Акциониот план на НАТО DEEP за 2022 година.

Telefonit
E-mail