Почетен состанок за петгодишниот проект на воената академија – notiones

15.09.2021

NOTIONES-Logo-(900x346)-transparent

Воената академија започна со реализација на iNteracting netwOrk of inTelligence and securIty practitiOners with iNdustry and acadEmia actorS – NOTIONES проект од програмата на ЕУ HORIZON 2020, со одржувањето на првиот состанок на 13 септември 2021 година преку интернет.

Целта на проектот NOTIONES е да се изгради мрежа на практичари од безбедносните и разузнавачките служби на земјите-членки на ЕУ и придружните земји, од индустријата – вклучувајќи ги и малите и средни претпријатија – и од академијата, со цел да се идентификуваат новите технологии и да истражи како тие можат да ги задоволат потребите на безбедноста и јавните услуги. NOTIONES периодично ќе објавува извештаи кој ќе ги сумираат наодите добиени преку програмирани истражувања финансирани од ЕУ, со цел да се препорача идна индустријализација на резултатите, да се изразат заедничките барања и да се наведат приоритетите.

Конзорциумот NOTIONES вклучува, меѓу своите 30 партнери, практичари од воени, цивилни, финансиски, судски, локални, национални и меѓународни безбедносни и разузнавачки служби, кои доаѓаат од 9 земји-членки на ЕУ и 6 придружни земји. Овие практичари, заедно со другите членови на конзорциумот, даваат целосен опфат на 4-те главни области на ЕУ: Западна Европа (Португалија, Шпанија, Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Австрија), Северна Европа (Финска, Данска, Шведска, Естонија, Латвија), Средна Европа (Полска, Словачка, Украина), Средниот исток (Израел, Турција, Грузија, Бугарија, Босна i Херцеговина, Северна Македонија) или вкупно 21 земја, вклучително и 12 мали и средни претпријатија со разновидни и комплементарни компетенции.

На првичниот состанок на NOTIONES конзорциумот збор имаше и проектниот офицер од REA (European Research Executive Agency) REA која истакна дека главни цели на проектот се да се следат иновативните истражувачки проекти со цел искористување на резултатите, идентификација на недостатоците и специфичните потреби на практичарите како и да се дефинираат приоритетите со цел зголемување на нивото на стандардизација.

Воената академија има важна улога во реализацијата на проектот NOTIONES, каде во голема мера ќе може да го примени знаењето и искуството во употреба на различните технологии за собирање и анализа на податоци објавени на отворените извори на интернет.


GALLERY