:en the military academy shares its experiences in overcoming the challenges in the educational process during the covid pandemic: :mk воената академија ги споделува своите искуства во надминување на предизвиците во едукативниот процес за време на covid п

05.12.2020

ENGLISH


The Military Academy received great acknowledgment for being recognized for the quality and success in dealing with the challenges in the educational process during the pandemic. In November, the Military Academy as a positive example was invited to several events in order to share its experiences and how the Academy has dealt with these challenges in front of other countries and academic institutions.
In the period November 16-18, a NATO event was held on the topic " COVID-19 Defence Education- Distance Learning Best Practices and Lessons Learned Workshop", which was actively attended by over 200 participants from all NATO and Partner countries. The Military Academy, at the invitation of the NATO Defense Education Enhancement Program (DEEP), due to successfully addressed challenges in the education process during the pandemic, shared its experiences with NATO and partner countries. In addition to the Military Academy, were singled out and had their own presentations the Baltic Defense College, the U.S. Joint Forces Staff College, the Canadian Forces College, the Royal Military College Saint- Jean, the National Defense University of Ukraine, the National Defense Academy of Georgia, and the NATO Defense College from Rome.
In addition, the Military Academy was invited to give its presentation at the Third International Scientific and Practical Conference "Challenges in the implementation of ADL in the educational process of higher military educational institutions and possible ways to address them", held on November 20, 2020. organized by the National Defense College of Ukraine.
On November 26, 2020, the Military Academy was also invited to share its positive experiences related to the realization of the educational process during the global pandemic on the Conference supported by RADLI (Regional Initiative for Advanced Distance Learning) and organized by the Ministry of defense of Bosnia and Herzegovina.



MACEDONIAN

Воената академија доби големо признание со препознавањето на квалитетот и успешноста во справувањето со предизвиците во едукативниот процес за време на пандемијата.  Во Ноември месец Воената академија, како позитивен пример, беше поканета на неколку настани со цел да ги сподели своите искуства и начинот на кој се справила со овие предизвици пред други држави и академски институции.
Во периодот 16-18 ноември, беше одржана НАТО настан на тема „ COVID-19 Образование во одбраната - Работилница за најдобрите практики и научени лекции за учење на далечина“, на кој активно учество земаа над 200 учесници од сите НАТО и партнерски држави. Воената академија, на покана од НАТО Програмата за подобрување на едукацијата во одбраната (NATO DEEP), а пред сè поради успешното справување со предизвиците во процесот на едукација за време на пандемијата,  ги сподели своите искуства со НАТО и партнерските држави. Покрај Воената академија, беа издвоени и свои презентации имаа и Балтичкиот одбранбен колеџ, Штабниот колеџ на здружените сили на САД, Колеџот на канадските сили, Кралскиот воен колеџ Саинт-Јеан, Националниот одбранбен универзитет од Украина, Националната одбранбена академија од Грузија и НАТО одбранбениот колеџ од Рим.
Дополнително на ова, Воената академија беше поканета да одржи своја презентација на Третата меѓународна научна и практична конференција „Предизвици во спроведувањето на ADL во образовниот процес на повисоките воени образовни институции и можните начини на нивно решавање“, која се одржа на 20. ноември 2020, во организација на Националниот одбранбен колеџ на Украина.
На 26. ноември 2020 година, Воената академија исто така беше поканета да ги сподели своите позитивни искуства поврзани со реализација на образовниот процес за време на глобалната пандемија на Конференција поддржана од RADLI (Регионална иницијатива за напредно учење на далечина) и во организација на Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.


GALLERY