Prof. Dr. Nenad Taneski

Проф. д-р. Ненад Танески
Воена академија
Продекан за настава и научно-истражувачка работа
Раководител на Катедра за воени науки и воени вештини, Полковник
Telefonit

Продеканот за настава и научно-истражувачка работа раководи со секторот за настава и НИР. Во отсуство на деканот, продеканот за настава раководи со седниците на наставно-научниот совет.

Во секторот за настава и НИР спаѓаат следниве внатрешни организациски единици:

  • Катедра за воени науки и вештини
  • Катедра за воена логистика
  • Катедра за природни и воено-технички науки
  • Катедра за општествени науки
  • Катедра за безбедност и кризен менаџмент, заштита и спасување

 

Проф. д-р. Ненад Танески е роден на 30.03.1975 година во Скопје, каде го завршил и основното училиште. Средното образование го завршил во Средното машинско училиште во Скопје, со одличен успех. По национална припадност е Македонец.

Образование
2013 Доктор од областа на безбедноста (УКИМ Филозофски факултет - Институт за Безбедност, одбрана и мир) - Влијанието на асиметричните закани врз трансформација на водењето и суштината на војната во XXI век
2010 Магистер во областа на безбедноста, супспецијалност - Национална безбедност
1999 Дипломира на воената академија - род пешадија
Членство во стручно-научни здруженија
Член е на издавачкиот совет, уредувачкиот одбор и организационен одбор на меѓународни списанија и конференции
Информатички Технологии
Поседува сертификат за информатички технологии, има одлично познавање и активно ги користи сите канцелариски апликации.
Јазици
Македонски
Англиски
Работно искуство
1999-2008 Извршувал должности во Баталјонот на Воената полиција во Скопје
2008-2012 припадник на Воената служба за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана
2012- Припадник на воената академија, Раководител на одделение за стручна и административна служба и Раководител на Катедра за воени науки и вештини
Научни трудови
Има објавено преку 70 научни, стручни и апликативни трудови во земјата и во странство
2021 година, „Militant Islamism“ (на англиски јазик)
2019 година, „Милитантен исламизам“
2018 година, „Разрешување конфликти и меѓународен тероризам“
2015 година, „Реформи во одбраната“
2014 година, „Глобални хибридни закани и асиметрични војни“
2012 година, „Нова ера на војувањето“