Реализирана тридневна обука на тема: МОДЕЛИ И ПРИНЦИПИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ

08.06.2023

Во периодот од 06.06. до 09.06.2023 г. на Воената академија беше спроведена тридневна обука на тема: МОДЕЛИ И ПРИНЦИПИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ.

Обуката се организираше во рамки на NATO DEEP програмата за зајакнување на образованието во одбраната. Обуката ја реализираа професори од Воената академија кои се сертифицирани обучувачи за Методологии за подобрување на наставниот процес.

Слушатели на обуката беа воени и цивилни лица од Армијата и Министерството за одбрана кои на своето работно место учествуваат во спроведување на различни процеси на едукација.