Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика при Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје, во соработка и со поддршка од Министерството за одбрана и Министерството за дигитална трансформација, организира симулациската вежба на тема „Справување со фишинг и рансомвер напади“.
Настанот официјално го отворија деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во своето обраќање, деканот Богданоски, потенцираше дека согласно обврските и одговорностите предвидени во Националната стратегија за сајбер безбедност, Институтот ќе даде максимална поддршка во јакнење на капацитетите за сајбер безбедност и дигитална форензика не само во државата, туку и пошироко.
Огласи
11.11.2024
Конкурси
22.11.2024
11.11.2024
Соопштенија
Билтен на Воената Академија бр. 123
08.09.2024
Воената академија дел од конзорциумот за основање на Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet
15.08.2024
Воената академија продолжува со една од водечките улоги во зајакнувањето на националната сајбер безбедност преку активно учество во новиот проект MkSafeNet, кој ќе го формира првиот Национален центар за побезбеден интернет во државата. Овој значаен проект, финансиран во рамките на програмата Дигитална Европа, претставува суштински чекор кон создавање на побезбеден дигитален простор за сите граѓани, со посебен акцент на заштита на најмладите
Билтен на Воената Академија бр. 122
12.08.2024