Огласи

Конкурси

Соопштенија

Започна дводневна вежба во областа на сајбер безбедноста и кризната комуникација во организација на Воената академија

11.03.2024
Во одговор на постојаните закани во областа на сајбер безбедноста и потребата за справување со истите од страна на институциите, Воената академија, во периодот 11-12.03.2024 година, организаираше дводневна вежба (TTX – Table Top Exercise) во Кишињев, Молдавија, собирајќи експерти во областа на сајбер безбедноста, но и комуникатори и лица за односи со јавноста од бројни институции во земјата.

Реализирана официјална посета на делегација Aмбасадорот и военото аташе од Република Австрија

28.02.2024
На ден 27.02.2024 година остварена е официјална посета од страна на амбасадорот на Република Австрија  Г-дин Мартин Памер и военото аташе полковник Кристијан Смутек. За време на посетата беа дискутирани конкретните аквивности кои ќе се реалзираат во 2024 година. Како едни од клучните заеднички активности кои се дискутираа се Регионалниот курс за стратешко лидерство и кој се реализира 3 година по ред со поддршка на Австриската Академија за национална одбрана. Заеднички активности со Европскиот колеџ за безбедност и одбрана (ESDC -European Security and Defence College) и Австриска академија за национална одбрана.

Деканот на Воената академија поканет како експерт за сајбер безбедност да спроведе обука во македонските јавни институции

23.02.2024
Проф. д-р Митко Богданоски, декан на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, ја покажа својата експертиза како водечки авторитет во сајбер безбедноста за време на соработката за обука организирана за македонските јавни институции. Во партнерство со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF), настанот имаше за цел да ги зајакне државните службеници, ИТ персоналот и менаџерите со основни знаења и вештини за сајбер безбедноста.

Решение за прием на кандидати по конкурс за запишување на кандидати со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби објавен на ден 16.01.2024 година и измената објавена на 19.01.2024 година

12.02.2024
Решение за прием на кандидати по конкурс за запишување на кандидати со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија објавен на ден 16.01.2024 година и измената објавена на 19.01.2024 година

ПОСЕТА НА АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА УНГАРИЈА НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

10.02.2024
Воената академија на 7-ми февруари беше домаќин на амбасадорот на Република Унгарија, неговата екселенција господин Андраш Клеин и унгарското одбранбено, воено и воздухопловно аташе, потполковник Ласло Надаш. На почетокот на дискусијата, амбасадорот истакна дека целта на неговата посета на Воената академија е иницијативата на реномираниот Национален универзитет за јавна служба од Будимпешта за воспоставување на соработка со високо образовна институција од Западен Балкан особено во делот на сајбер безбедноста. Во таа насока, од нивна страна, Воената академија е препознаена како лидер во областа на сајбер безбедноста во регионот и изразија интерес за заедничка организација на активности за обука на кадар, како и размена на студенти и професори во таа област.

Конечна ранг листа на кандидати за прием со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери во Армијата и Министерството за одбрана согласно Конкурс објавен на ден 16.01.2024 година

09.02.2024
Конечна ранг листа на кандидати за прием со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери во Армијата и Министерството за одбрана согласно Конкурс објавен на ден 16.01.2024 година

Прелиминарна ранг листа на кандидати за прием со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери во Армијата и Министерството за одбрана согласно Конкурс објавен на ден 16.01.2024 година

08.02.2024
Прелиминарна ранг листа на кандидати за прием со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери во Армијата и Министерството за одбрана согласно Конкурс објавен на ден 16.01.2024 година