На ден 30.10. 2024 година, студенти и средношколци учесници на 4-та НАТО Академија, организирана од невладината организација Euro-Atlantic Council of Macedonia (АТА) во Северна Македонија, ја посетија Воената Академија "Генерал Михаило Апостолски" - Скопје.
Огласи
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Конференција за проектот СЕТОФФ и нови можности за соработка и придонес во областа на управувањето со кризи
02.10.2024
Конференцијата на проектот SETOFF насловена „Идни насоки за креирање на обуки и иновации за управување со ризиците во локалните заедници“ се одржа на 30 септември 2024 година во Скопје. Настанот привлече значителен број на учесници од различни сектори од централната и локалната власт, како и експерти во областа на управувањето со ризици и кризни ситуации. Темата на конференцијата беше посветена на важноста на раниот одговор на ризиците и примената на иновативни алатки за зајакнување на капацитетите на заедниците во справување со кризи.
КОНЕЧНА РАНГ-ЛИСТА НА КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ/ПИТОМЦИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА И НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СТУДЕНТИ ЗА ПОТРЕБИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ И ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ
23.09.2024
КОНЕЧНА РАНГ-ЛИСТА НА КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ/ПИТОМЦИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА И НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СТУДЕНТИ ЗА ПОТРЕБИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ И ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ
Започна вториот модул од Регионалниот курс за стратешко лидерство
17.09.2024
Денес, во Охрид, официјално започна Вториот модул на Регионалниот курс а стратеко лидерство (RSLC), коорганизиран од Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” и Националната одбранбена академија на Австрија, поддржан од Министерството за одбрана. Курсот, кој ќе трае од 16 до 20 септември, се фокусира на клучните регионални и глобални безбедносни предизвици, со учество на национални високи претставници од разни институции, како и претставници од Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
За време на отворањето на курсот, деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, полковник, одржа воведно излагање во кое ја нагласи важноста на соработката и размената на знаење. Тој истакна дека учеството на високи претставници од различни институции од повеќе држави, е од суштинско значење за справување со сложените безбедносни проблеми со кои се соочува регионот.
Билтен на Воената Академија бр. 123
08.09.2024