На ден 30.10. 2024 година, студенти и средношколци учесници на 4-та НАТО Академија, организирана од невладината организација Euro-Atlantic Council of Macedonia (АТА) во Северна Македонија, ја посетија Воената Академија "Генерал Михаило Апостолски" - Скопје.
Огласи
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Воената Акaдемија на инфо ден на програмата на НАТО „Наука за мир и безбедност“
29.03.2024
Претставници од Воената академија зедоа активно учество на инфо денот на програмата на НАТО „Наука за мир и безбедност“, кој се одржа на 28 март 2024 година во организација на Министерството за одбрана.
Панелисти на активноста од Воената академија беа проф. д-р Димитар Богатинов, потполковник и доц. д-р Весна Попоска, кои споделија искуства на Воената академија, како институција со најголемо искуство и најголем број спонзоирани проекти и активности од оваа програма на НАТО.
Настанот го отвори министерката за одбрана г-ѓа Славјанка Петровска, а можностите на програмата ги презентираа шефот на Одделот за управување и координација на НАТО програмата Наука за мир и безбедност д-р Клаудио Палестини и програмскиот менаџер д-р Ејуп Турмус.
Тим од Воената академија спроведува тридневна работилница за прибирање на податоци од отворени извори во Кишињев, Република Молдавија
13.03.2024
Започнувајќи од денес, 13 март 2024 година, тим на професори од Воената академија ќе спроведе работилница во областа на прибирањето на податоци од отворени извори со експерти од областа на информатичката технологија од неколку државни институции во Кишињев, Молдавија.
Во време на информациска војна, со сè поголемиот развој на новите технологии, дигитализацијата на секој дел од секојдневниот живот и работа и сè поголемата потреба од потврдени, вистинити информации, обуката за прибирање податоци од отворени извори е од стратешко значење за професоналците во областа на информатичките технологии.
Билтен на Воената Академија бр. 117
12.03.2024
Започна дводневна вежба во областа на сајбер безбедноста и кризната комуникација во организација на Воената академија
11.03.2024
Во одговор на постојаните закани во областа на сајбер безбедноста и потребата за справување со истите од страна на институциите, Воената академија, во периодот 11-12.03.2024 година, организаираше дводневна вежба (TTX – Table Top Exercise) во Кишињев, Молдавија, собирајќи експерти во областа на сајбер безбедноста, но и комуникатори и лица за односи со јавноста од бројни институции во земјата.
Реализирана официјална посета на делегација Aмбасадорот и военото аташе од Република Австрија
28.02.2024
На ден 27.02.2024 година остварена е официјална посета од страна на амбасадорот на Република Австрија Г-дин Мартин Памер и военото аташе полковник Кристијан Смутек.
За време на посетата беа дискутирани конкретните аквивности кои ќе се реалзираат во 2024 година.
Како едни од клучните заеднички активности кои се дискутираа се
Регионалниот курс за стратешко лидерство и кој се реализира 3 година по ред со поддршка на Австриската Академија за национална одбрана.
Заеднички активности со Европскиот колеџ за безбедност и одбрана (ESDC -European Security and Defence College) и Австриска академија за национална одбрана.
Деканот на Воената академија поканет како експерт за сајбер безбедност да спроведе обука во македонските јавни институции
23.02.2024
Проф. д-р Митко Богданоски, декан на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, ја покажа својата експертиза како водечки авторитет во сајбер безбедноста за време на соработката за обука организирана за македонските јавни институции. Во партнерство со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF), настанот имаше за цел да ги зајакне државните службеници, ИТ персоналот и менаџерите со основни знаења и вештини за сајбер безбедноста.