Огласи

Конкурси

Соопштенија

Реализација на Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети

15.10.2024
На ден 05.09.2024година во  Воената академија–Скопје, започна со реализација Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети, со вкупно 22слушатели . Целта на курсот е оспособување на слушателите за командирски должности, преку стекнување на основните сознанија за начинот на организацијата, планирањето и реализирањето на мисијата на ниво на чета, оспособување на слушателите за изведување на национални и здружени воени операции и операции од невоен карактер.

Свечена пригода - церемонија по повод полагањето заклетва на 28-ма класа на питомци за потребите на Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана

14.10.2024
Денес на Воената академија се одржа свечена пригода - церемонија по повод полагањето заклетва на 28-ма класа на питомци за потребите на Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана. На свеченоста присуствуваа претседателката на Република Северна Македонија, Н.Е. проф. д-р Гордана Силјановска Дафкова, министерот за одбрана господин Владо Мисајловски, началникот на генералштабот бригаден генерал Сашко Лафчиски, високи претставници на Министерството за одбрана и на Армијата, претставници на дипломатскиот кор како и роднини и пријатели на питомците и слушателите.

Учество на професори од Военана академија на завршна работилница за мастер инструктори (МИП 3)

12.10.2024
Во рамки на НАТО ДЕЕП програмата за зајакнување на воено образование, од 6 до 10 октомври во Центарот за професионален развој во Травник, Босна и Херцеговина, се одржа завршна работилница за мастер инструктори (МИП 3) на која во својство на сертифицирани НАТО обучувачи учествуваа професорките од Воената академија, д-р Билјана Каровска-Андоновска и д-р Невена Серафимова. Тимот беше предводен од д-р Андрија Козина професор на Универзитет за одбрана и безбедност во Хрватска. Линк⬇️ http://os.mod.gov.ba/komanda-za-podrsku/komanda-za-obuku-i-doktrinu/vij…

Петти меѓународенсостанокна проектот ISDL  (Интеграција преку социјално и дигитално учење)

10.10.2024
Во текот на 30-ти септември до 04-ти октомври 2024 година во Скопје се одржа состанок за ERASMUS+ KA210-ADU -Проект  бр. 2022-1-TR01-KA210-ADU- 000084905на тема: “Интеграција преку социјално и дигитално учење”  Учесници на состанокот беа:Република Турција, организација Beytüşşebap Halk Eğitim Merkezi Müdürlüğü како главен координатор на проектот, Република Франција, организација Comité de Liaison Diagonal France, Воена академија – Генерал „Михајло Апостолски“ Скопје (партнер домаќин) и Република Шпанија, Asociación para el Desarrollo socioemocional de la persona, la sociedad y para la cooperación Internacional Uno (партнер).