Огласи

Конкурси

Соопштенија

Прослава на 14 јуни - Ден на Воената академија

14.06.2023
Во близина на Деканатот на Воената академија, во касарната „Гоце Делчев“ – Скопје, се одржа свеченоста по повод Денот на Воената академија во присуство на високи претставници на Министерството на одбрана, Армијата и други бројни партнерски институции. На самиот почеток, присутните ги поздрави Деканот, правејќи осврт на најважните достигнувања и успеси на институцијата, елаборирајќи го притоа придонесот на сите чинители во Академијата од нејзиното основање. Во тој контекст, Деканот искажа посебна благодарност до поранешните вработени, меѓу кои и професори, декани, административни работници и други, за нивната улога во поставувањето на темелите на оваа важна институција, единствена по карактер во нашата земја.

Завршен состанок на партнерите од Еразмус+ проектот „Интеграција на компетенции за дигитално учење во образовниот програми“

24.05.2023
Последниот состанок на партнерите од Erasmus+ проектот "Интеграција на компетенции за дигитално учење во образовниот програми" се реализираше од 19-ти до 20-ти мај 2023 година во Прага, Република Чешка.

Реализирана тридневна обука на тема: МОДЕЛИ И ПРИНЦИПИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ

08.06.2023
Во периодот од 06.06. до 09.06.2023 г. на Воената академија беше спроведена тридневна обука на тема: МОДЕЛИ И ПРИНЦИПИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ. Обуката се организираше во рамки на NATO DEEP програмата за зајакнување на образованието во одбраната. Обуката ја реализираа професори од Воената академија кои се сертифицирани обучувачи за Методологии за подобрување на наставниот процес.

Конкурс за запишување на кандидати со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија

08.06.2023
Академијата распишува конкурс за запишување на 30 (триесет) кандидати за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.

Оглас за упатување на питомци на Воената академија во Скопје на Интернационален летен камп на Воената поморската академија „Никола Вапцаров„ во Варна, Република Бугарија

29.05.2023

Оглас за упатување на питомци на Воената академија во Скопје на Интернационален летен камп на Воената поморската академија „Никола Вапцаров„ во Вар

Успешно реализирана активност од Еразмус+ проектот со наслов: „Интеграција на дигиталното учење во образовните програми“ во Портимао, Португалија

04.03.2023

Во рамки на проектот на Еразмус+ проектот со наслов: „Интеграција на дигиталното учење во образовните програми“ во период од from 25-30.03.2023 год