Денес, во Охрид, официјално започна Вториот модул на Регионалниот курс а стратеко лидерство (RSLC), коорганизиран од Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” и Националната одбранбена академија на Австрија, поддржан од Министерството за одбрана. Курсот, кој ќе трае од 16 до 20 септември, се фокусира на клучните регионални и глобални безбедносни предизвици, со учество на национални високи претставници од разни институции, како и претставници од Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
За време на отворањето на курсот, деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, полковник, одржа воведно излагање во кое ја нагласи важноста на соработката и размената на знаење. Тој истакна дека учеството на високи претставници од различни институции од повеќе држави, е од суштинско значење за справување со сложените безбедносни проблеми со кои се соочува регионот.
Огласи
03.02.2024
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Билтен на Воената Академија бр.66
31.12.2013
Билтен на Воената Академија бр.65
16.12.2013
Билтен на Воената Академија бр.63
12.09.2013
Билтен на Воената Академија бр.62
14.08.2013