Дводневната Регионална работилница на тема „Индивидуални и регионално базирани сајбер и хибридни закани и предизвици во Југоисточна Европа“ сереализираше во Тирана, Албанија, во период од 02 до 03 октомври 2024 година. Работилницата е организирана од страна на RACVIAC – Центар за безбедносна соработка, Министерството за одбрана на Албанија и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од Скопје, и е дел од пошироката иницијатива „Зајакнување на отпорноста на ЈИЕ во сајбер безбедноста против хибридни закани.”
Работилницата официјално ја отворија Н.Е. амбасадор Константин-Михаил Григори, директор на RACVIAC, г. Дориан Тола, заменик министер за одбрана на Албанија, и потполковник проф. д-р Димитар Богатинов, претставник на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски.“
Огласи
03.02.2024
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Деканот и Министерот за внатрешни работи потпишаа Меморандум за соработка меѓу Воената академија и Министерството за внатрешни работи
01.08.2023
На ден 01.08.2023, деканот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, проф. д-р Митко Богданоски, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потпишаа Меморандум за соработка како потврда на заедничките заложби и интерес за унапредување на соработката во областа на безбедноста и форензиката.
Меморандумот е плод на потребата за посуштинска заедничка соработка чиј главен фокус е зајакнување на соработката за работи од заеднички интерес базирани на искористување на научно - стручните, професионалните, материјално - техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности, преку кои ќе се реализираат целите од заеднички интерес.
СВЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД ПРОМОЦИЈА НА 27 НОВИ ПОТПОРУЧНИЦИ ОД 23-ТА КЛАСА ПИТОМЦИ ВО ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА
31.07.2023
На воена свеченост во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, денес 31.06.2023 година се промовираа 27 офицери на Армијата од 23-та класа, во чин потпоручник.
На свеченоста присуствуваа министерката Славјанка Петровска, заменик министерот за одбрана Г-дин Тирон Јајага, началник на Генералштабот, Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и високи гости од Министерството за одбрана и Армијата, претставници од министерствата за одбрана на Босна и Херцеговина, Црна Гора и други гости.
ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ОРГАНИЗАТОР НА ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ОБЛАСТА НА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА СО НАСЛОВ „УПРАВУВАЊЕ СО САЈБЕР КРИЗИ“
12.07.2023
Воената академија, препознаен лидер во областа на сајбер безбедноста во регионот, во период од 11 до 12 јули 2023 година, во Тирана, Р. Албанија реализираше дводневна работилница од областа на сајбер безбедноста со наслов „Управување со сајбер кризи“.
Настанот, спонзориран од американскиот Стејт департмент и во соработка со CRDF GLOBAL и Иницијатива за сајбер безбедност, корпоративна безбедност и управување со кризи - C3I Скопје, имаше за цел да ги подобри практиките за сајбер безбедност и управување со сајбер кризи за повеќе од 30 сајбер професионалци од CERT/CSIRT и клучните јавни и приватни сектори, вклучително и провајдери поврзани со критична инфраструктура од Р. Албанија.
Билтен на Воената Академија бр. 112
10.07.2023
Реализација на работилница од проектот СЕТОФФ
30.06.2023
На 28 јуни 2023 година, се одржа работилницата број 2 од проектот SETOFF, насловена "Empowering Distributed Learning Approach to Enhance Disaster Risk Management and Strengthen Resilience", на која се претставија најновите резултати од проектот SETOFF како и неговата примена во јакнењето на заштита и безбедноста при работа во јавниот и приватниот сектор.
Конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии на Воената академија
27.06.2023
Конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2023/2024 година