За време на беспрекорно организираниот настан во периодот од 6.9.2023 г. до 10.9.2023 г. во Пултуск, Р. Полска од страна на координаторите на Еразмус+ проектот „Future Classrooms’ Leadership“ од Р. Полска, свој придонес дадоа и претставници од Воената академија.
Со присуство на сите партнери од Р. Бугарија, Р. Романија, Р. Турција и Р. Италија, координаторите од Р. Полска и претстваниците од Воената академија се спроведоа активности во согласност со целите на проектот и поконкретно користење на дигитални алатки за поуспешно пренесување на знаења преку гејмификација на содржините и часовите. Активноста беше одлична можност за интерактивни сесии за размена на искуства помеѓу партнерите со цел пополнување на јазот во дигиталната компетентност на партнерите, практично тестирање на различни релевантни дигитални алатки, како и развивање на конкретни идеи за соработка помеѓу различните образовни институции.