Воената академија во соработка со претставници од партнерските организации во рамките на проектот СЕТОФФ од Белгија, Грција и Шпанија имаа можност да разменат искуства, знаења и идеи за време на редовниот партнерски состанок одржан во организација на Воената академија од 3 до 6 декември 2023 година во Охрид.
Главнaта цел на проектот СЕТОФФ е подобрување на подготвеноста и безбедноста при работа на секторите за управување со кризи и заштита и спасување, како и инкорпорирање на приватниот сектор во процесот на справување со идните кризи и итни случаи преку развој на иновативна наставна програма за е-обуки базирана на успешно тестиран и имплементиран модел на симулација во комбинација со најновите научни сознанија и сеопфатна анализа на потребите за обука и едукација
Огласи
Конкурси
Соопштенија
Успешно реализирана активност од Еразмус+ КА220 проектот на Воената академија „Future Classrooms’ Leadership“
13.09.2023
За време на беспрекорно организираниот настан во периодот од 6.9.2023 г. до 10.9.2023 г. во Пултуск, Р. Полска од страна на координаторите на Еразмус+ проектот „Future Classrooms’ Leadership“ од Р. Полска, свој придонес дадоа и претставници од Воената академија.
Со присуство на сите партнери од Р. Бугарија, Р. Романија, Р. Турција и Р. Италија, координаторите од Р. Полска и претстваниците од Воената академија се спроведоа активности во согласност со целите на проектот и поконкретно користење на дигитални алатки за поуспешно пренесување на знаења преку гејмификација на содржините и часовите. Активноста беше одлична можност за интерактивни сесии за размена на искуства помеѓу партнерите со цел пополнување на јазот во дигиталната компетентност на партнерите, практично тестирање на различни релевантни дигитални алатки, како и развивање на конкретни идеи за соработка помеѓу различните образовни институции.
Билтен на Воената Академија бр. 113
12.09.2023
РЕШЕНИЕ ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИ ПО КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ СО ЗАВРШЕН ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ ЗА ОФИЦЕРИ НА СЛУЖБИТЕ ВО АРМИЈАТА СОГЛАСНО КОНКУРСОТ ОБЈАВЕН НА ДЕН 08.06.2023 ГОДИНА
30.08.2023
РЕШЕНИЕ ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИ ПО КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ СО ЗАВРШЕН ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ ЗА ОФИЦЕРИ НА СЛУЖБИТЕ ВО АРМИЈАТА СОГЛАСНО КОНКУРСОТ ОБЈАВЕН НА ДЕН 08.06.2023 ГОДИНА