Делегација од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје учествуваше на „Меѓународната недела“, организирана од Норвешкиот одбранбен универзитетски колеџ (NDUC) во Осло од 11 до 13 февруари 2025 година. Оваа посета ја зацврсти академската соработка и ги зајакна врските помеѓу двете институции.
Огласи
11.11.2024
Конкурси
22.11.2024
11.11.2024
Соопштенија
Секција по Лидерство
22.11.2024
Проучувањето и практикувањето на лидерството на дело, е клучно за исполнување на секоја мисија, вклучително и на мисијата на Воената академија - продуцирање на одлични млади воени лидери. Иницијативноста, желбата за константен развој и придонес кон повисоката мисија, отсекогаш се ценеле како лидерски вредности кои заслужуваат почит. Овој пат, група на питомци од Воената академија, дадоа иницијатива за формирање на Секција по Лидерство. Мотивот за формирање на оваа секција го наоѓаат во потребата за доброволно и самоиницијативно подобрување на своите лидерски капацитети, под стручно водство, а со тоа да придонесат во надградување на својот личен углед и угледот на Воената академија.
Конференција за опeрациони истражувања и анализа на НАТО и бизнис состанок на Панелот за системска анализа и студии
22.11.2024
Од 4 до 8 ноември 2024 во Малага, Шпанија се одржаа осумнаесеттата Конференција за опeрациони истражувања и анализа на НАТО и 54-от бизнис состанок на Панелот за системска анализа и студии (SAS), на кои како главен национален претставник во панелот учествуваше д-р Невена Серафимова, наставник и продекан за финансии и инвестиции на Воената академија. SAS панелот е еден од седумте панели во Организацијата за наука и технологија (STO), примарна организација на НАТО за одбранбена наука и технологија.
Јакнење на сајбер отпорноста во регионот
13.11.2024
Тирана, 13 ноември 2024 — Во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ / Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика, во Тирана, Албанија, се одржуваат две дводневни работилници за сајбер безбедност, фокусирани на одговор при инциденти во сајбер просторот и кризна комуникација. Активноста се организира во соработка со Националниот авторитет за сајбер безбедност (NCSA) и е поддржана од страна на Стејт департментот на САД и CRDF Global. Оваа работилница претставува значаен чекор за подобрување на сајбер отпорноста и градење на капацитети за сајбер професионалци во Албанија.
Јавен оглас за вработување на едно лице на Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје
11.11.2024
Експертски образовни разговори на Западно-балканската иницијатива во Австриската воена академија
11.11.2024
Во период од 06-08.11.2024 година во Австриската воена академија се одвиваа експертски разговори во доменот на подобрување на меѓународната соработка во доменот на образованието.
Воведното обраќање пред учесниците беше презентирано од страна на командантот на воената академија генерал мајор Карл Пронхагл, кој најпрвин ги поздрави преставниците од Западно-балканската иницијатива и накратко ги истакна капацитетите, можностите и способности на Австриската воена академија во доменот на меѓународната соработка и размена на кадри во образованието.