Воената академија во соработка со претставници од партнерските организации во рамките на проектот СЕТОФФ од Белгија, Грција и Шпанија имаа можност да разменат искуства, знаења и идеи за време на редовниот партнерски состанок одржан во организација на Воената академија од 3 до 6 декември 2023 година во Охрид.
Главнaта цел на проектот СЕТОФФ е подобрување на подготвеноста и безбедноста при работа на секторите за управување со кризи и заштита и спасување, како и инкорпорирање на приватниот сектор во процесот на справување со идните кризи и итни случаи преку развој на иновативна наставна програма за е-обуки базирана на успешно тестиран и имплементиран модел на симулација во комбинација со најновите научни сознанија и сеопфатна анализа на потребите за обука и едукација
Огласи
Конкурси
Соопштенија
Билтен на Воената Академија бр. 105
19.10.2022
Посета од страна на сајбер делегација од Израел „Improvate“ на Воена академија
01.11.2022
На 26.10.2022 година, во просториите на Воена академија, беше остварена посета на сајбер делегација во рамките на израелска компанија „Improvate“. За време на посетата беа презентирани израелските иновативни технологии за сајбер безбедност и различни решенија при разни сајбер сценарија и предизвици.
Решение за прием на кандидати по реализиран втор приемен рок согласно конкурс за запишување студенти/питомци 2022
06.10.2022
Решение за прием на кандидати по реализиран втор приемен рок согласно Конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи на прв циклус студии на Воената академија Генерал Михаило Апостолски Скопје во учебната 2022/2023 година
Вториот модул на Регионалниот курс за стратешко лидерство успешно реализиран во организација на Воената академија
05.10.2022
Високи претставници од Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора во периодот од 03 до 07 октомври 2022 година учествуваат во вториот модул на Регионалниот курс за стратешко лидерство, организиран од страна на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје со поддршка од австриската Академија за национална одбрана.