Огласи

Конкурси

Соопштенија

Успешно реализирана обуката со наслов „Користење на платформи за е-учење и мултимедијални алатки во делот на едукација и дигитални вештини“ дел од Еразмус проектот „Future Classrooms Leadership“

29.04.2023
Во период од 24 до 28.04.2023 година, во просториите на Воената академија и во Охрид се реализираше обуката со наслов „Користење на платформи за е-учење и мултимедијални алатки во делот на едукација и дигитални вештини“. Обуката е дел од Еразмус проектот „Future Classrooms Leadership“ и истата има за цел да обезбеди соодветни знаења и вештини за користење на различни платформи за е-учење и инкорпорација на останати технолошки и мултимедијални алатки во делот на образованието.

Оглас за упатување на питомци од Воената Академија во Скопје на Интернационален воен лидерски курс организиран од Воениот Универзитет на копнената војска на Република Полска

10.04.2023

Оглас за упатување на питомци од Воената Академија во Скопје на Интернационален воен лидерски курс организиран од Воениот Универзитет на копнената

Трет транснационален состанок се одржува на Воената академија; Активна соработка со партнерите од Грција, Белгија и Шпанија во рамките на проектот од програмата Еразмус+ - СЕТОФФ

05.04.2023
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје во соработка со своите партнери од Грција, Белгија и Шпанија го организише третиот транснационален состанок во рамките на проектот Еразмус+ - СЕТОФФ во периодот од 4-5 март 2023 година. Состанокот вклучуваше дискусии и анализи во врска со циклусот на обуки „Обучи го обучувачот“, кој започна во март во Кавала, Грција. За време на состанокот се донесоа конечни одлуки за наставната програма за е-обука, која ќе биде достапна за учесниците од сите партнерски земји преку платформата за е-учење креирана во рамките на проектот. Во овој контекст, професорите од Воената академија спроведоа обука, специјално прилагодена за потребите на корисниците на проектот, со цел ефективно и ефикасно креирање курсеви на платформата за е-учење.

Реализирано предавање од военото аташе на Европската унија, полковник Pietro MOSTARDI

04.04.2023
На ден 03.04.2023 година во просториите на Воената академија се одржи предавање на тема Воени карактеристики на ЕУ (Белин плус договор, EUMS/EUMC и MPC – структура, функција и релации), Основи на CSDP (концепт, примери) и Специфични аспекти на CSDP (PESCO, CARD, EDF, EPF, ЕУ стратегиски компас и сл.)

Конкурс за запишување на кандидати со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија

15.03.2023
Академијата распишува конкурс за запишување на30(триесет) кандидати за стручно оспособување и усовршување за офицери за службитево Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.

Голем успех и посетеност на Меѓународниот настан за обука за Цивилна заштита во Кавала

10.03.2023
Тридневната штабна обука во рамките на Програмата за паметно образование и обука за вработените во централната власт и локалната самоуправа-SETOFF - VET‐SHORT‐TERM JOINT STAFF TRAINING,  се реализираше во Кавала, Р. Грција, за време на трагичната железничка несреќа во Темпи (Грција) во период од 01-03. Март 2023 година. За време на тридневната обука, беше истакната клучната важност на специјализирана и современа обука, со користење на најсовремена технологија за оние кои се повикани да управуваат со кризи и ризици и да координираат тимови од професионалци и/или волонтери за навремен, безбеден и ефективен одговор на природните и од човекот предизвикани катастрофи.