Огласи

Конкурси

Соопштенија

Шестти финален меѓународен состанок на проектот ISDL  ( Интеграција преку социјално и дигитално учење)

23.12.2024
     Во текот на 16-20 до декември 2024 година во Скопје се одржа состанок за ERASMUS+ KA210-ADU - Проект  бр. 2022-1-TR01-KA210-ADU- 000084905 на тема: “Интеграција преку социјално и дигитално учење”  Учесници на состанокот беа: Република Турција, организација Beytüşşebap Halk Eğitim Merkezi Müdürlüğü како главен координатор на проектот, Република Франција, организација Comité de Liaison Diagonal France, Воена академија – Генерал „Михајло Апостолски“ Скопје (партнер домаќин) и Република Шпанија, Asociación para el Desarrollo socioemocional de la persona, la sociedad y para la cooperación Internacional Uno (партнер)

Наставата по предметот "Тактика на мировни операции и превенција на конфликти" ја реализираа во баталјонот на Воена Полиција во касарната "Илинден".

16.12.2024
Питомците од 4.година на Воената академија "Генерал Михаило Апостолски" од родовите пешадија, инжинерија и артилерија, наставата по предметот "Тактика на мировни операции и превенција на конфликти" ја реализираа во баталјонот на Воена Полиција во касарната "Илинден".

Почеток на втор циклус на студии за учебната 2024/25 година

12.12.2024
На 10 декември 2024 година, во Амфитеатарот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, се одржа свечениот почеток на магистерските студии за учебната 2024/25 година. Настанот го отвори деканот на академијата, полковник проф. д-р Митко Богданоски, кој ги поздрави новите студенти и ја нагласи важноста на нивниот ангажман и упорност за успешно завршување на вториот циклус на студии.

Симулациска вежба за справување со сајбер инциденти – 11-12 декември 2024

11.12.2024
Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика при Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје, во соработка и со поддршка од Министерството за одбрана и Министерството за дигитална трансформација, организира симулациската вежба на тема „Справување со фишинг и рансомвер напади“. Настанот официјално го отворија деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во своето обраќање, деканот Богданоски, потенцираше дека согласно обврските и одговорностите предвидени во Националната стратегија за сајбер безбедност, Институтот ќе даде максимална поддршка во јакнење на капацитетите за сајбер безбедност и дигитална форензика не само во државата, туку и пошироко.

Иднината на огнената поддршка е во сигурни раце

05.12.2024
Во светот на артилеријата, прецизноста, точноста, брзината и масовноста на огнот се круцијални за остварување на мисијата. За ова да стане реалност, подготовката и извежбувањто се најважни. На 27.11.2024 година питомците од 4. година од родот артилерија, во рамки на наставата за време на семестарот, реализираа подготвителното гаѓање на рб.17 со хаубички вод 105mm со вметната цевка 20mm, организирано од артилерискиот баталјон од 1.пбр.

Средба на деканот на Воената академија со Асоцијацијата на одбранбени аташеа

04.12.2024
Деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, полковник, оствари средба со делегација на Асоцијацијата на одбранбени аташеа. Во состав на делегацијата учествуваа поголемиот број резидентни и нерезидентни воени аташеа. За време на средбата беше одржана презентација на активностите, програмите и капацитетите на Воената академија и Центарот за обука на питомци, со акцент на посветеноста кон унапредување на образованието и обуката во областа на одбраната.

Посета на Воената академија од страна на Военото аташе на Кралството Норвешка

29.11.2024
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ беше домаќин на Военото аташе на Кралството Норвешка, полковник Даг Магне Лунде.На средбата учествуваа деканот на Академијата, проф. д-р Митко Богданоски, полковник, продеканот за меѓународна соработка и научноистражувачка работа, проф. д-р Елениор Николов, полковник, како и координаторот за Еразмус+ програмата, доц. д-р Љупчо Шошоловски, мајор.

Oдбележувањето на меѓународниот ден за елиминација на сите форми на насилство врз жените и девојчињата, 25ти ноември

26.11.2024
Воената академија како лидер во академската и институционалната сфера се придружи во одбележувањето на меѓународниот ден за елиминација на сите форми на насилство врз жените и девојчињата, 25ти ноември, кој оваа година се одвива под слоганот на Обединетите нации #NoExcuse или #БезИзговори и глобалната шеснаестдневна кампања на активизам за искоренување на сите форми на роодвобазирано насилство. Активностите завршуваат на 10ти декември- светскиот ден на човекови права.

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА ,,ГЕНЕРАЛОТ АПОСТОЛСКИ Е ЛИДЕР КОЈ ДЛАБОКО ИНСПИРИРА''

28.11.2024
Во периодот од 19.11.2024 година до 20.11.2024 година, во амфитеатарот на Воената академија, беше реализирана Работилница на тема „ГЕНЕРАЛОТ АПОСТОЛСКИ Е ЛИДЕР КОЈ ДЛАБОКО ИНСПИРИРА“, во организација на новоформираната Секција по Лидерство, под раководство на проф. д-р Лазар Ѓуров, потполковник. Работата на Секцијата, како и организацијата на оваа работилница, во целост беше поддржана од Деканот на Воената академија проф. д-р Митко Богданоски, полковник. Целта на работилницата беше питомците од прва до четврта година, да го персонализираат лидерството преку ликот и делото на Генералот Михаило Апостолски – патронот на Воената академија.