Огласи

Конкурси

Соопштенија

Воената академија по втор пат ко-организатор на курсот за запознавање со Заедничката политика за безбедност и одбрана на Европската Унија

18.10.2023
По втор пат Воената академија беше домаќин на Курсот за запознавање со Заедничката политика за безбедност и одбрана на Европската Унија, овој пат со физичко присуство на учесниците во периодот од 9-13 октомври 2023 г. во Охрид. Настанот беше организиран во соработка со Европскиот колеџ за безбедност и одбрана, Австриската академија за национална одбрана и Раквијак. Дискусиите за време на настанот придонесоа за подобро запознавање со тематикатана европската безбедносно-одбранбена политика. Од самото основање на Заедничата политика за безбедност и одбрана на ЕУ во јуни 1999 година, истакнати воени и цивилни експерти, полициски службеници и војници неуморно работат за промовирање на мир и безбедност во повеќе од 30 мисии, имајќи исто така предвид дека првата мисија на ЕУ – Конкордија беше распоредена токму во Република Северна Македонија на 31 март 2003 година.

Свечена пригода - церемонија по повод полагањето заклетва на питомци и слушатели на стручно оспособување и усовршување на офицери за службите во Армијата

06.10.2023

Денес на Воената академија се одржа свечена пригода - церемонија по повод полагањето заклетва на питомци и слушатели на стручно оспособување и усов