Огласи

Конкурси

Соопштенија

Јакнење на меѓународната соработка: Посета на делегацијата на Воената академија во Норвешка

13.02.2025
Делегација од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје учествуваше на „Меѓународната недела“, организирана од Норвешкиот одбранбен универзитетски колеџ (NDUC) во Осло од 11 до 13 февруари 2025 година. Оваа посета ја зацврсти академската соработка и ги зајакна врските помеѓу двете институции.

Учество на Воената академија на годинашата конференција на Партнерството за Мир (PfPC) во Виена

12.02.2025
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје активно учествуваше на годишната конференција на Партнерството за Мир (PfPC), која се одржа во Националната академија за одбрана во Виена, Австрија, во периодот 28-30 јануари 2025 година. Оваа конференција претставува значаен форум за размена на знаење и искуства меѓу високи претставници, академици и експерти од областа на безбедноста и одбраната. Главен фокус на настанот беа когнитивната војна, хибридните закани и образовната соработка во регионот.

Воената академија како дел од INNOFEIT EDIH: Поддршка за дигиталната трансформација

30.01.2025
На 29 јануари 2025 година, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје учествуваше на иницијалниот состанок на Европскиот дигитален иновациски хаб INNOFEIT (EDIH), финансиран преку повикот „DIGITAL-2023-EDIH-04“. Проектот е насочен кон поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) и организациите од јавниот сектор (ОЈС) во дигиталната трансформација и зголемување на нивната конкурентност.

Напредна симулациска вежба за сајбер безбедност реализирана во Воената академија

30.01.2025
Во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ се одржа симулациска вежба за сајбер хибриден напад, со цел тестирање на подготвеноста на државните институции за одговор на сајбер закани. Настанот претставуваше клучен момент во зајакнувањето на националната сајбер безбедност и дигиталната отпорност. Во рамките на активностите, британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон, свечено ги предаде минималните сајбер безбедносни стандарди за владините институции на Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски. Овие стандарди се резултат на долгомесечен труд и соработка меѓу професори и асистенти од Воената академија, кои активно учествуваа како експерти во проектот и беа дел од работната група за нивно развивање.

Meeting with a High-Level Delegation from Bosnia and Herzegovina at the Military Academy

27.12.2024
On December 21, 2024, the Dean of the Military Academy hosted a delegation from Bosnia and Herzegovina, which included the Assistant Minister of Defense, the Head of the Department for International Cooperation, and a military representative. During the meeting, the participants explored directions and opportunities for further collaboration between the two institutions.

Свечено доделување на дипломи на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје

27.12.2024
За време на свеченоста организирана на 23.12.2024 година на Воената академија беа доделени дипломи на питомците и студентите кои успешно го завршија своето образование. На настанот деканот на Воената академија додели дипломи за завршен прв циклус на студии на 23-та класа, дипломи за завршен втор циклус на студии, како и дипломи за завршена специјализација за командно-штабна обука.

Јавен повик за придонес со едукативни содржини, Национален центар за безбеден интернет за деца и младинци

25.12.2024
Почитувани  воспитувачи, наставници во основно и средно образование, професори во високото образование. Почитувани младински работници, претставници на организациите кои работат со деца и млади, претставници на организациите кои работат на подобрување на образованието и едукацијата, како и други претставници на граѓанскиот сектор.