Во светот на артилеријата, прецизноста, точноста, брзината и масовноста на огнот се круцијални за остварување на мисијата. За ова да стане реалност, подготовката и извежбувањто се најважни.
На 27.11.2024 година питомците од 4. година од родот артилерија, во рамки на наставата за време на семестарот, реализираа подготвителното гаѓање на рб.17 со хаубички вод 105mm со вметната цевка 20mm, организирано од артилерискиот баталјон од 1.пбр.
Огласи
11.11.2024
Конкурси
22.11.2024
11.11.2024
Соопштенија
Реализација на Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети
15.10.2024
На ден 05.09.2024година во Воената академија–Скопје, започна со реализација Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети, со вкупно 22слушатели .
Целта на курсот е оспособување на слушателите за командирски должности, преку стекнување на основните сознанија за начинот на организацијата, планирањето и реализирањето на мисијата на ниво на чета, оспособување на слушателите за изведување на национални и здружени воени операции и операции од невоен карактер.
Свечена пригода - церемонија по повод полагањето заклетва на 28-ма класа на питомци за потребите на Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана
14.10.2024
Денес на Воената академија се одржа свечена пригода - церемонија по повод полагањето заклетва на 28-ма класа на питомци за потребите на Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана. На свеченоста присуствуваа претседателката на Република Северна Македонија, Н.Е. проф. д-р Гордана Силјановска Дафкова, министерот за одбрана господин Владо Мисајловски, началникот на генералштабот бригаден генерал Сашко Лафчиски, високи претставници на Министерството за одбрана и на Армијата, претставници на дипломатскиот кор како и роднини и пријатели на питомците и слушателите.
Учество на професори од Военана академија на завршна работилница за мастер инструктори (МИП 3)
12.10.2024
Во рамки на НАТО ДЕЕП програмата за зајакнување на воено образование, од 6 до 10 октомври во Центарот за професионален развој во Травник, Босна и Херцеговина, се одржа завршна работилница за мастер инструктори (МИП 3) на која во својство на сертифицирани НАТО обучувачи учествуваа професорките од Воената академија, д-р Билјана Каровска-Андоновска и д-р Невена Серафимова. Тимот беше предводен од д-р Андрија Козина професор на Универзитет за одбрана и безбедност во Хрватска. Линк⬇️ http://os.mod.gov.ba/komanda-za-podrsku/komanda-za-obuku-i-doktrinu/vij…
Петти меѓународенсостанокна проектот ISDL (Интеграција преку социјално и дигитално учење)
10.10.2024
Во текот на 30-ти септември до 04-ти октомври 2024 година во Скопје се одржа состанок за ERASMUS+ KA210-ADU -Проект бр. 2022-1-TR01-KA210-ADU- 000084905на тема: “Интеграција преку социјално и дигитално учење” Учесници на состанокот беа:Република Турција, организација Beytüşşebap Halk Eğitim Merkezi Müdürlüğü како главен координатор на проектот, Република Франција, организација Comité de Liaison Diagonal France, Воена академија – Генерал „Михајло Апостолски“ Скопје (партнер домаќин) и Република Шпанија, Asociación para el Desarrollo socioemocional de la persona, la sociedad y para la cooperación Internacional Uno (партнер).