Огласи

Конкурси

Соопштенија

Симулациска вежба за справување со сајбер инциденти – 11-12 декември 2024

11.12.2024
Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика при Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје, во соработка и со поддршка од Министерството за одбрана и Министерството за дигитална трансформација, организира симулациската вежба на тема „Справување со фишинг и рансомвер напади“. Настанот официјално го отворија деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во своето обраќање, деканот Богданоски, потенцираше дека согласно обврските и одговорностите предвидени во Националната стратегија за сајбер безбедност, Институтот ќе даде максимална поддршка во јакнење на капацитетите за сајбер безбедност и дигитална форензика не само во државата, туку и пошироко.

Иднината на огнената поддршка е во сигурни раце

05.12.2024
Во светот на артилеријата, прецизноста, точноста, брзината и масовноста на огнот се круцијални за остварување на мисијата. За ова да стане реалност, подготовката и извежбувањто се најважни. На 27.11.2024 година питомците од 4. година од родот артилерија, во рамки на наставата за време на семестарот, реализираа подготвителното гаѓање на рб.17 со хаубички вод 105mm со вметната цевка 20mm, организирано од артилерискиот баталјон од 1.пбр.

Средба на деканот на Воената академија со Асоцијацијата на одбранбени аташеа

04.12.2024
Деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, полковник, оствари средба со делегација на Асоцијацијата на одбранбени аташеа. Во состав на делегацијата учествуваа поголемиот број резидентни и нерезидентни воени аташеа. За време на средбата беше одржана презентација на активностите, програмите и капацитетите на Воената академија и Центарот за обука на питомци, со акцент на посветеноста кон унапредување на образованието и обуката во областа на одбраната.

Посета на Воената академија од страна на Военото аташе на Кралството Норвешка

29.11.2024
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ беше домаќин на Военото аташе на Кралството Норвешка, полковник Даг Магне Лунде.На средбата учествуваа деканот на Академијата, проф. д-р Митко Богданоски, полковник, продеканот за меѓународна соработка и научноистражувачка работа, проф. д-р Елениор Николов, полковник, како и координаторот за Еразмус+ програмата, доц. д-р Љупчо Шошоловски, мајор.

Oдбележувањето на меѓународниот ден за елиминација на сите форми на насилство врз жените и девојчињата, 25ти ноември

26.11.2024
Воената академија како лидер во академската и институционалната сфера се придружи во одбележувањето на меѓународниот ден за елиминација на сите форми на насилство врз жените и девојчињата, 25ти ноември, кој оваа година се одвива под слоганот на Обединетите нации #NoExcuse или #БезИзговори и глобалната шеснаестдневна кампања на активизам за искоренување на сите форми на роодвобазирано насилство. Активностите завршуваат на 10ти декември- светскиот ден на човекови права.

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА ,,ГЕНЕРАЛОТ АПОСТОЛСКИ Е ЛИДЕР КОЈ ДЛАБОКО ИНСПИРИРА''

28.11.2024
Во периодот од 19.11.2024 година до 20.11.2024 година, во амфитеатарот на Воената академија, беше реализирана Работилница на тема „ГЕНЕРАЛОТ АПОСТОЛСКИ Е ЛИДЕР КОЈ ДЛАБОКО ИНСПИРИРА“, во организација на новоформираната Секција по Лидерство, под раководство на проф. д-р Лазар Ѓуров, потполковник. Работата на Секцијата, како и организацијата на оваа работилница, во целост беше поддржана од Деканот на Воената академија проф. д-р Митко Богданоски, полковник. Целта на работилницата беше питомците од прва до четврта година, да го персонализираат лидерството преку ликот и делото на Генералот Михаило Апостолски – патронот на Воената академија.

Секција по Лидерство

22.11.2024
Проучувањето и практикувањето на лидерството на дело, е клучно за исполнување на секоја мисија, вклучително и на мисијата на Воената академија - продуцирање на одлични млади воени лидери. Иницијативноста, желбата за константен развој и придонес кон повисоката мисија, отсекогаш се ценеле како лидерски вредности кои заслужуваат почит. Овој пат, група на питомци од Воената академија, дадоа иницијатива за формирање на Секција по Лидерство. Мотивот за формирање на оваа секција го наоѓаат во потребата за доброволно и самоиницијативно подобрување на своите лидерски капацитети, под стручно водство, а со тоа да придонесат во надградување на својот личен углед и угледот на Воената академија.

Потпишан меморандум за соработка со Општина Штип

22.11.2024
Во рамки на нашата континуирана посветеност за унапредување на образованието и одбраната, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Општина Штип потпишаа меморандум за соработка кој има за цел зајакнување на партнерствата во областа на образованието, безбедноста и иновациите.

Конференција за опeрациони истражувања и анализа на НАТО и бизнис состанок на Панелот за системска анализа и студии

22.11.2024
Од 4 до 8 ноември 2024 во Малага, Шпанија се одржаа осумнаесеттата Конференција за опeрациони истражувања и анализа на НАТО и 54-от бизнис состанок на Панелот за системска анализа и студии (SAS), на кои како главен национален претставник во панелот учествуваше д-р Невена Серафимова, наставник и продекан за финансии и инвестиции на Воената академија. SAS панелот е еден од седумте панели во Организацијата за наука и технологија (STO), примарна организација на НАТО за одбранбена наука и технологија.