Дводневната Регионална работилница на тема „Индивидуални и регионално базирани сајбер и хибридни закани и предизвици во Југоисточна Европа“ сереализираше во Тирана, Албанија, во период од 02 до 03 октомври 2024 година. Работилницата е организирана од страна на RACVIAC – Центар за безбедносна соработка, Министерството за одбрана на Албанија и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од Скопје, и е дел од пошироката иницијатива „Зајакнување на отпорноста на ЈИЕ во сајбер безбедноста против хибридни закани.”
Работилницата официјално ја отворија Н.Е. амбасадор Константин-Михаил Григори, директор на RACVIAC, г. Дориан Тола, заменик министер за одбрана на Албанија, и потполковник проф. д-р Димитар Богатинов, претставник на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски.“
Огласи
03.02.2024
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Билтен на Воената Академија бр. 119
09.04.2024
ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПОМОРСКАТА ВОЕНА АКАДЕМИЈА „Н. Ј. ВАПЦАРОВ“ ВО ВАРНА, Р. БУГАРИЈА НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ВО РАМКИТЕ НА ЕРАЗМУС ПРОГРАМАТА
02.04.2024
Во рамки на регионалната соработка и соработката која Воената академија ја остварува преку програмата Еразмус+, делегација предводена од Заменик началникот за администрација и логистика на Поморската воена академија „Н. Ј. Вапцаров“ во Варна, Р. Бугарија, капетан 1 класа Валчо Атанасов и капетан Петар Климов ја посетија Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје во периодот од 25-29 март 2024 година
Билтен на Воената Академија бр. 118
01.04.2024