Воената академија, во период од 20 до 21 Септември 2023 година, беше дел од организацискиот одбор и учестувуваше во реализацијата на дводневна работилница од областа на сајбер безбедноста со наслов „Глобални дијалози за сајбер-политика: сајбер дијалог во Западен Балкан 2023“ која се реализираше во Холидеј Ин Хотелот во Скопје.
Работилницата беше организирана во коорганизација на Министерството за одбрана, Воената академија, Истражувачка Фондација Обсервер од Америка, Министерството за надворешни работи на Кралство Холандија и Фондацијата Метаморфозис, и на истата учество земаа преку 50 учесници од владата, граѓанското општество, академијата и приватниот сектор од целиот Западен Балкан. Главната цел на состанокот беше да се поттикне вистински и отворен дијалог меѓу учесниците од различни сектори и позадини. Овој настан е надоврзување на претходните координативни дискусии, креирајќи прегледот на регионални иницијативи, идентификување приоритетни потреби и дискусија и давање на конкретни идеи за подобрување на транспарентноста и соработката за иницијативите за градење на заеднички капацитети.
Огласи
Конкурси
Соопштенија
Деканот и Министерот за внатрешни работи потпишаа Меморандум за соработка меѓу Воената академија и Министерството за внатрешни работи
01.08.2023
На ден 01.08.2023, деканот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, проф. д-р Митко Богданоски, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потпишаа Меморандум за соработка како потврда на заедничките заложби и интерес за унапредување на соработката во областа на безбедноста и форензиката.
Меморандумот е плод на потребата за посуштинска заедничка соработка чиј главен фокус е зајакнување на соработката за работи од заеднички интерес базирани на искористување на научно - стручните, професионалните, материјално - техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности, преку кои ќе се реализираат целите од заеднички интерес.
СВЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД ПРОМОЦИЈА НА 27 НОВИ ПОТПОРУЧНИЦИ ОД 23-ТА КЛАСА ПИТОМЦИ ВО ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА
31.07.2023
На воена свеченост во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, денес 31.06.2023 година се промовираа 27 офицери на Армијата од 23-та класа, во чин потпоручник.
На свеченоста присуствуваа министерката Славјанка Петровска, заменик министерот за одбрана Г-дин Тирон Јајага, началник на Генералштабот, Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и високи гости од Министерството за одбрана и Армијата, претставници од министерствата за одбрана на Босна и Херцеговина, Црна Гора и други гости.