Денес, во Охрид, официјално започна Вториот модул на Регионалниот курс а стратеко лидерство (RSLC), коорганизиран од Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” и Националната одбранбена академија на Австрија, поддржан од Министерството за одбрана. Курсот, кој ќе трае од 16 до 20 септември, се фокусира на клучните регионални и глобални безбедносни предизвици, со учество на национални високи претставници од разни институции, како и претставници од Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
За време на отворањето на курсот, деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, полковник, одржа воведно излагање во кое ја нагласи важноста на соработката и размената на знаење. Тој истакна дека учеството на високи претставници од различни институции од повеќе држави, е од суштинско значење за справување со сложените безбедносни проблеми со кои се соочува регионот.
Огласи
03.02.2024
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Динамички план за спроведување на конкурс за запишување на лица за стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии за потребите на министерството за одбрана и армијата на република македонија, на воена академија ,,генерал михаило апосто
13.12.2016
ДИНАМИЧКИ ПЛАН за спроведување на Конкурс за запишување на лица за стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, на Воена академија ,,Генерал Михаило Апостолски,, - Скопје, објавен на ден 30.11.2016 година