На ден 06ти март 2023 година, во времетрање од 10:00 до 11:30 часот, се реализираше состанок за пречек на питомците од Воената академија “West Point”од Соединетите Американски Држави.
Имено, питомците кои пристигнаа на Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” – Скопје на 04ти март 2023 година како дел од програма за студентска размена на питомци помеѓу двете воено-образовни институции, најпрво беа пречекани од Деканот на Воената академија, полк. д-р Митко Богдановски, ред. проф. кој изрази дека му претставува чест и задоволство што овие питомци доаѓаат токму од најдобрата воена академија во светски рамки. Притоа Деканот нагласи дека ваквите активности претставуваат врвни можности за размена на искуства и продлабочување на соработката помеѓу двете институции и токму затоа се во фокусот на Воената академија. Истовремено, Деканот им посака пријатен престој и плодна работна седмица на питомците од САД, притоа претставувајќи ја програмата со активностите во кои овие питомци ќе земат учество, како посета на дел од единиците на армијата, центарот за обука на пилоти, АП Криволак и бројни знаменитости од културно-историски карактер.