Огласи

Конкурси

Соопштенија

"Посета на Учесниците од 4-та НАТО Академија на Воената Академија 'Генерал Михаило Апостолски' – Поддршка за Образование и Професионален Развој на Младите"

31.10.2024
На ден 30.10. 2024 година, студенти и средношколци учесници на 4-та НАТО Академија, организирана од невладината организација Euro-Atlantic Council of Macedonia (АТА) во Северна Македонија, ја посетија Воената Академија "Генерал Михаило Апостолски" - Скопје. 

Решение за дополнување на решението бр. 02-3032/1 од 23.09.2024 година за прием на кандидати по Конкурс за запишување студенти/питомци

30.10.2024
Решение за дополнување на решението бр. 02-3032/1 од 23.09.2024 година за прием на кандидати по Конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус на студии на Воената академија во учебната 2024/2025 година.

Успешно реализиран курсот „Управување со ризик за безбеден сајбер простор“

21.10.2024
Во периодот од 14.10 до 17.10.2024 година во просторите на Универзитетот Лудовика во Будимпешта се одржа курс во организација на Универзитетот Лудовика - Будимпешта и Воената Академија Генерал Михаило Апостолски и Универзитет Црна Гора од Подгорица. Курсот на тема „Управување со ризик за безбеден сајбер простор“ беше поддржан од страна на Европскиот Колеџ за безбедност и одбрана (ESDC- European Security & Defence College) и Агенцијата за сајбер безбедност на Европската Унија (European Union Agency for Cybersecurity (ENISA) и двете со седиште во Брисел, Белгија.

Реализација на Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети

15.10.2024
На ден 05.09.2024година во  Воената академија–Скопје, започна со реализација Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети, со вкупно 22слушатели . Целта на курсот е оспособување на слушателите за командирски должности, преку стекнување на основните сознанија за начинот на организацијата, планирањето и реализирањето на мисијата на ниво на чета, оспособување на слушателите за изведување на национални и здружени воени операции и операции од невоен карактер.